постеле
постелат; постели, постелете; послав, посла, послаа; послал; послан; (ќе) постелев, (ќе) постелеа; (ќе) постелел; постелен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3701
1.
Раздипли, рашири нешто за да покрие некаква површина со неа.
Примери:
Подот го послаа со раскошен килим.
Ги послаа наземи палтата и седнаа.
На земјено душеме ја посла рогозината.
Домаќинката им посла за спиење.
2.
Покрие, прекрие со нешто.
Примери:
Масата ја посла со чаршаф и фати да ги реди чиниите.
Изрази
Како ќе си постелеш така ќе си легнеш - како што си направил, така и ќе добиеш.
Изведенки
1.
постила несв.
постилаат
постилаат
2.
постилање ср.
глаг. им.
глаг. им.