а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

постои

постојат; постоеше, постоеја; постоел, постоела; постоен; постоејќи; постоење
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 383
1. живее, суштествува
Англиски: exist Албански: jeton
Примери:
Порано речиси не постоевме за него.
Постојат многу видови животни.
Таа жена никогаш не постоела, ти неа само си ја измислил.
2. (обично во 3 л.) има
Англиски: exist Албански: ekziston
Примери:
За тоа постојат прописи.
Сигурно постоеше нешто во неговиот живот што го правеше таков.
Мора да постои некое разумно објаснување.