пот
(едн.) потта
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1893
1.
Безбојна, солена течност што ја лачат потните жлезди, која се исфрла преку порите на кожата.
Примери:
Челото му беше оросено со капки пот.
Го облеа студена пот.
Вид: течност (ж.)
2.
Труд, напорна работа.
Примери:
Секое зрно жито натопено е со неговата пот.
Изрази
Спечалено (заработено, стекнато) со пот - со голем труд, со мака.
Со крвава пот - со голем труд, со мака.
Бара (сака) пот - бара (сака) да се вложи труд.
Изведенки
пот м.
Вкупен износ во обложување.
Пример: Џек-пот.
Вкупен износ во обложување.
Пример: Џек-пот.