а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поти

(се) потат; потев, потеа; потел; потен; потејќи, потење; потив, потија, потил
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5453
1. Покрива со пот по кожата.
Англиски: sweat Албански: djersit
Примери:
Луѓето се потеа и алиштата им се залепуваа по кожата.
2. За прозорци, стакла - се покрие со ситни капки слични на пот, се замагли од водена пареа.
Англиски: sweat Албански: djersit
Примери:
Прозорците се потеа од испарувањата.
3. Се труди, се мачи, работи напорно.
Англиски: toil Албански: punoj rëndë, djersitem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Долго време се потам овдека, а ни скршена пара немам примено.
Тој се потеше над задачата, се мачеше да ја реши.
Изведенки
потење ср.