потклекне
потклекнат; потклекни, потклекнете; потклекнав, потклекнаа; потклекнал; потклекнат; (ќе) потклекнев, (ќе) потклекнеа; (ќе) потклекнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11034
1.
Клекне малку, потсвие малку коленици.
Примери:
Ми потклекнаа колената, ама не паднав.
2.
Попушти, покаже слабост, не издржи до крај, се откаже, се предаде.
Англиски:
give up
Албански:
gjunjëzoj, dorëzohem
Тоа ми помогна да не потклекнам во пресудните мигови.
Овој народ нема да потклекне пред непријателот.
Изведенки
1.
потклекнува несв.
потклекнуваат
потклекнуваат
2.
потклекнување ср.
глаг. им.
глаг. им.