а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потомок

мн. потомци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3396
1. Тој што припаѓа по потекло, по раѓање кон своите родители, кон некој род.
Англиски: progeny Албански: pasardhës
Примери:
Тој е најстариот директен потомок од таа фамилија.
2. (обично во мн.) Ново поколение во однос на она од кое води потекло, во однос на предците.
Англиски: descendants Албански: pasardhës
Примери:
Тоа обраќање е повеќе до потомците, одошто до современиците.
Изведенки
потомка ж.
мн. потомки
Пример: Почина најстарата потомка на отоманската династија.