потсече
потсечат; потсечи, потсечете; потсеков, потсекоа; потсекол, потсекле; (ќе) потсечев, (ќе) потсечеа; (ќе) потсечел; потсечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12490
1.
Пресече, отсече нешто одоздола или одозгора; поткине, скрати крај или врв на нешто.
Примери:
Си ги потсеков ноктите.
Тој ги потсече гранките на дрвото.
Косата му беше кусо потсечена.
2.
Нагло пресече, прекине некој тек, на нешто.
Примери:
Ми ја потсече секоја надеж за живот.
Изрази
Му ги потсече крилјата - лиши некого од полна слобода, моќ; скроти, скрши нечиј отпор.
Нозете му (им, и) се пресекоа - стане неподвижен од страв или од голема возбуда.
Изведенки
1.
потсекува несв.
потсекуваат
потсекуваат
2.
потсекување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
потсечува несв.
потсечуваат
потсечуваат
4.
потсечување ср.
глаг. им.
глаг. им.