потфрли
потфрлат; потфрлија
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9708
1.
Не исполни целосно, не оствари според планираното.
Примери:
Планираното производство потфрли.
2.
Фрли нешто на одреден начин; недоволно фрли.
Примери:
Потфрли ми едно шамивче да си го избришам носот.
Му потфрлил едно камче.
3.
Дофрли некому нешто со потценување.
Примери:
Стражарите ни потфрлија две парчиња леб.
4.
Фрли, дофрли скришно.
Примери:
Тој му потфрли писменце во ќелијата.
5.
Дофрли зборови, каже нешто за некого.
Примери:
Потфрли некој забор за мене.
Изведенки
1.
потфрла несв.
потфрлаат
потфрлаат
2.
потфрлање ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
потфрлува несв.
потфрлуваат
потфрлуваат
4.
потфрлување несв.
глаг. им.
глаг. им.