прав
мн. правови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1783
1.
Множество од ситни честички, кои поради својата мала тежина лебдат во воздухот и паѓаат на површината.
Примери:
Прав на мебелот.
Децата играа во правта.
Не кревај прав!
Од ветрот се кренаа правови.
Тутунов прав.
2.
Множество од ситни честички вода или снег.
Примери:
Снежен прав.
Изрази
Бел прав - дрога.
Цветен прав - полен.
Млеко во прав - суво млеко претворено во прав поради конзервирање и полесен транспорт.
Крене прав - предизвика интерес за некого или за нешто.
Прав не дава да падне на него - многу се грижи за некого.
Ми (ти, му) фрла прав во очи - лаже, мами некого.
Изведенки
1.
прав ж.
2.
прашец м.
дем.
дем.