правило
мн. правила
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 700
1.
Одредба, принцип, пропис што се однесува на организацијата и начинот на работа, односите меѓу луѓето во една средина и сл.
Англиски:
procedure
Албански:
rregull, normë
Ова правило треба сите да го почитуваат.
правила на службата
христијански правила
Слично со:
процедура (ж.)
2.
(обично во мн.) Збир од такви одредби, прописи што го определуваат начинот на извршување на нешто.
Примери:
правила на игра
правила на бонтон
3.
Поставка заснована на постојаниот, непроменлив однос меѓу определени појави што изразува некаква законитост.
Примери:
граматичко правило
правописни правила
исклучок од правилата
Изрази
Златно правило - основно најважно правило.
По правило; како правило - најчесто, обично.