а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

празнува

празнуваат; празнувал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 11184
1. Слави, држи празник.
Англиски: celebrate Албански: festoj
Примери:
Велигден го празнуваме три дена.
2. Прославува, одбележува свечено некаков важен настан или годишнина од таков настан.
Англиски: celebrate Албански: festoj, shënoj
Примери:
Тие ја празнуваат десетгодишнината од првото излегување на весникот.
3. не работи, одмора
Англиски: rest Албански: festoj, pushoj
Примери:
Шест дена во неделата работам, а седмиот празнувам.
4. Се радува, слави нешто.
Англиски: celebrate Албански: festoj, gëzohem
Примери:
Целиот град ја празнува победата на фудбалската екипа.
Изведенки
празнување ср.
мн. празнувања
Пример: Музиката секогаш е знак за веселби и празнувања.