а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прамен

мн. прамни
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8718
1. кичер, перчин коса
Англиски: streak, mop Албански: balluke
Примери:
Еден прамен од косата му паѓаше преку очите.
Неколку прамни коса и излегуваа од под шамијата.
2. ракатка волна
Албански: fije leshi
Примери:
Овде-онде по снегот имаше расфрлени прамни волна.
3. Тенка, долга линија како одраз на нешто.
Англиски: strip Албански: rreze, vijë e hollë
Примери:
Во собата влегуваше прамен светлина.
Гората тонеше во прамни магла.
Изведенки
1. праменче ср.
мн. праменчиња
2. прамче ср.
мн. прамчиња