пребере
преберат; пребри, преберете; пребрав, пребраа; пребрал; пребран; (ќе) преберев, (ќе) пребереа; (ќе) преберел; преберен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 57877
1.
Собере и последното од тоа што го има, од тоа што е за собирање.
Англиски:
select
Албански:
mbledh të gjitha
Го пребравме тутунот.
Пребраа се што имаше по полето.
2.
Преживее нешто мачно, болно страшно.
Англиски:
experience
Албански:
përjetoj
Таа ноќ пребрав голем страв.
Изрази
Му го пребра гајлето - престане да се грижи за некого или за нешто.