преврти
превртат; преврте; превртел; превртен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2935
1.
Сврти, заврти нешто од една страна на друга.
Примери:
Го преврти капутот.
Ја преврти чашата.
Ја преврти тортата врз чинијата.
Го преврти месото на скарата.
Преврти нова страница од весникот.
Ветрот ги преврти сите саксии во дворот.
Силните бранови го превртија чамецот.
Слично со:
сврти (св.)
2.
Стави, премести некого од една страна на друга.
Примери:
Тие го превртија болниот на другата страна.
Мајката го преврти детето на постелата неколкупати.
3.
За очи - направи движење како израз на некоја физичка или психичка состојба.
Примери:
Старицата само преврти со очите и замолчи.
4.
За книга, весник - разгледа, прегледа.
Примери:
Таа го преврти списанието, но ништо не најде.
Тој ја преврти книгата од почеток до крај.
5.
Претури сè барајќи некого или нешто, пребара насекаде.
Примери:
Ја преврти целата куќа, но не ги најде парите.
Спасувачките екипи ја превртија целата планина и не го најдоа загубениот планинар.
Слично со:
претури (св.)
7.
(се преврти) Направи кружно движење околу нешто.
Примери:
Малите рипчиња се превртија во водата.
Гимнастичарката се преврти преку глава.
8.
(се преврти) Се заврти, се сврти од една страна на друга.
Примери:
Детето неколкупати се преврти додека спиеше.
Болниот се преврти во постелата.
9.
(се преврти) Промени положба, состојба поради нешто.
Примери:
Поради големата брзина, колата се преврти на патот.
Ветрот дувна и листовите на книгата се превртија.
Почувствував удар, автобусот се преврте, патниците почнаа да летаат низ него.
10.
(се преврти) Се свие, се превие, се превитка од нешто, поради нешто.
Примери:
Луѓето се превртија од смеа.
Тој се преврти од занес.
Изрази
Преврти џебови некому - ограби, опљачка некого.
Изведенки
1.
превртува несв.
(се) превртуваат
(се) превртуваат
2.
превртување ср.
глаг. им.
Пример: Се изви во височина, направи три превртувања и падна врз душекот.
глаг. им.
Пример: Се изви во височина, направи три превртувања и падна врз душекот.