а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прегази

прегазат; прегазил; прегазен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6925
1. Премине со газење преку нешто.
Англиски: walk over Албански: shkel
Примери:
Коњаниците ја прегазија реката во најплиткото место.
2. Помине со возило преку некого или преку нешто.
Англиски: run over Албански: kaloj
Примери:
Возот прегазил некого.
Тој со својот камион прегази едно куче на патот.
3. Уништи, порази некого.
Англиски: defeat Албански: shkel, mposht
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со одличната игра, тие го прегазија противничкиот тим.
прегазени од времето
4. Прекрши даден збор, ветување, постапи на спротивен начин.
Албански: shkel
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ги прегази сите ветувања и замина.
Таа го прегази дадениот збор, како ништо да не ветила.
Изведенки
1. прегазува несв.
прегазуваат
2. прегазување ср.
глаг. им.