прегори
прегорат; прегорете; прегорев, прегореа; прегорел; прегорен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12105
1.
Направи да загори, да изгори, испече повеќе отколку што е потребно.
Примери:
Домаќинката го прегоре ручекот.
Фурнаџијата го прегоре лебот.
2.
Изгори, се расипе, добие куса врска, куршлус.
Примери:
Целата инсталација ни прегоре.
Светилките прегореа.
Слично со:
изгори (св.)
3.
За сонце - изгори, исуши (нивје, посеви).
Примери:
Нивјето прегореа од силното сонце.
Сонцето го прегорело полето.
Посевите прегореа од големите горештини.
4.
За крава, овца, коза - престане да дава млеко.
Примери:
Млекото и прегоре на кравата од сушата.
5.
Престане да гори.
Англиски:
stop burning
Албански:
shuhet
Огнот никако да прегори, да престане.
Слично со:
догори (св.)
Изведенки
1.
прегорува несв.
прегоруваат
прегоруваат
2.
прегорување ср.
глаг. им.
глаг. им.