преграда
мн. прегради
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6642
1.
Ѕид, ограда што дели некаква просторија, што одделува еден простор од друг.
Примери:
камена преграда
бетонска преграда
Направија преграда во речното корито.
2.
Просторија, простор зад таков ѕид и сл.
Примери:
Тој се скри во празната преграда на амбарот.
Излезе низ вратата од олтарската преграда.
3.
Нешто што преградува, препречува пат, пристап, приод кон нешто.
Примери:
Влезот во пештерата е покриен со преграда од густи растенија.
На патот има прегради од паднати дрвја.
Слично со:
барикада (ж.)
4.
Посебен, одделен дел од нешто.
Англиски:
compartment
Албански:
veçantë
Ковчегот имаше неколку прегради.
Слично со:
оддел (м.)
5.
Морална пречка тешкотија.
Примери:
Меѓу нив се создаде непреодлива преграда.
Немањето доверба створи преграда во нивната љубов.