а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прегрее

прегреат; прегреј, прегрејте; прегреав, прегреаја; прегреал; прегреан; (ќе) прегреев, (ќе) прегрееја; (ќе) прегреел; прегреен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 25066
1. Загрее прекумера.
Англиски: overheat Албански: tejnxehet
Примери:
Мајсторот ги прегреа земјените садови и тие испукаа.
2. Загрее повторно.
Англиски: re-heat Албански: rinxehë
Примери:
Таа го прегреа вчерашниот ручек.
Тој ја прегреа супата и почна да јаде.
3. Загрее, снабди греење за определено време.
Англиски: heat Албански: nxehet, ngrohet
Употреба: Ретко
Примери:
Одвај ја прегреа фамилијата зимоска.
4. (се прегрее) Се загрее премногу.
Англиски: overheat Албански: tejnxehet
Примери:
Моторот се прегреал.
Изведенки
1. прегрева несв.
(се) прегреваат
2. прегревање ср.
глаг. им.