прегрне
прегрне, прегрнат; прегрни, прегрнете; прегрнав, прегрнаа; прегрнал; прегрнат; прегрнев, прегрнеа
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2308
1.
Опфати некого со двете раци и го притисне кон градите како израз на љубов, нежност, почит; стисне во прегратка.
Примери:
Ја прегрна мајка си.
Таткото ги прегрна двете ќерки.
Слично со:
гушне (св.)
2.
Опфати нешто со двете раце.
Примери:
Го прегрна стеблото за да остане на нозе.
Му ги прегрна нозете молејќи го за помош.
Слично со:
опфати (св.)
3.
(се прегрне) Се најде во прегратка, се гушне еден со друг.
Примери:
Браќата се прегрнаа силно.
Двете другарки се прегрнаа и се расплакаа.
Изведенки
1.
прегрнува несв.
(се) прегрнуваат
(се) прегрнуваат
2.
прегрнување ср.
глаг. им.
глаг. им.