пред
Вид збор: Предлог
Ранг: 101
1.
Предната страна на нешто.
Англиски:
before
Непознат човек застана пред портата.
Спротивно од:
зад (предл.)
3.
порано, блиска претходност
Англиски:
earlier
Се вратив дома пред полноќ.
Излезе пред неколку минути.
Спротивно од:
по (предл.)
4.
временска мера
Англиски:
a go
Тоа беше одамна пред многу години.
Пред два дена ми се јави.
7.
Околност под која се врши некое дејство.
Англиски:
before
И боговите молчат пред вистината.
8.
Најпрво, најважно, најмногу (во изразот „пред сè“).
Англиски:
mostly
Треба да се внимава, пред сè на парите.
Изрази
(посл.) Пред Божиќ, зад Божиќ, кај да си, дома да си.
Пред нос (пред очи) - многу блиску.