а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

предвиди

предвидат; предвиди, предвидете; предвидов, предвиде, предвидоа; предвидев, предвидеа; предвидел; предвиден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2257
1. Однапред види, согледа, погоди што ќе стане земајќи ги во предвид сите можности преку анализа и планирање.
Англиски: predict Албански: parashikoj
Примери:
Тој го предвиде ваквиот тек на настанаите.
Синдикатот предвиде нови социјални немири.
Научниците ја предвидоа бурата пред две недели.
2. Претскаже, има видовита моќ однапред да види што ќе стане во иднина.
Англиски: foresee Албански: parashikoj
Примери:
Гатачката му предвиде долг и среќен живот.
3. Претходно точно определи, пропише нешто со нормативен акт.
Англиски: determine Албански: përcaktoj
Употреба: Правда
Примери:
Законот предвидел казна во траење од три до пет години.
Изведенки
предвидува несв.
предвидуваат