предвиди
предвидат; предвиди, предвидете; предвидов, предвиде, предвидоа; предвидев, предвидеа; предвидел; предвиден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2257
1.
Однапред види, согледа, погоди што ќе стане земајќи ги во предвид сите можности преку анализа и планирање.
Англиски:
predict
Албански:
parashikoj
Тој го предвиде ваквиот тек на настанаите.
Синдикатот предвиде нови социјални немири.
Научниците ја предвидоа бурата пред две недели.
Слично со:
прогнозира (св. и несв.)
2.
Претскаже, има видовита моќ однапред да види што ќе стане во иднина.
Англиски:
foresee
Албански:
parashikoj
Гатачката му предвиде долг и среќен живот.
3.
Претходно точно определи, пропише нешто со нормативен акт.
Примери:
Законот предвидел казна во траење од три до пет години.
Изведенки
предвидува несв.
предвидуваат
предвидуваат