предизвик
мн. предизвици
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2697
1.
Тоа што предизвикува, што поттикнува на желба, стремеж да се направи, да се постигне нешто.
Примери:
Патувањето низ пустината за него беше голем предизвик.
Им одолеа на предизвиците во манекенството.
2.
Чин на предизвикување; дразнење, задевање, провокација.
Англиски:
provocation
Албански:
provokim
Слично со:
провокација (ж.)