предност
мн. предности
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2885
1.
Тоа по што некој или нешто се истакнува, се издвојува од другите.
Примери:
Имаше многу предности во однос на другиот кандидат.
Крадецот ја искористи предноста на темнината и избега.
Предност му даде на разумот а не на чувствата.
Домашниот тим има предност од два гола.
2.
Исклучиво, безусловно право.
Примери:
Јас доаѓав од десно и имав предност.
Жените со деца имаат предност.
Решавачка предност.