а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

предок

мн. предци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1902
1. Далечен роднина, крвен сродник по таткова или мајчина линија.
Англиски: progenitor Албански: stërgjysh
Примери:
Фамилиите биле именувани по името или прекарот на предокот.
Нашите предци се доселиле од друго село.
2. (само мн.) Далечни претходници на еден народ, племе, семејство и сл.
Англиски: ancestor Албански: stërgjysh, paraardhës
Примери:
Примајќи го христијанството, нашите предци го напуштиле паганизмот.
Сакаше да се врати и да умре во земјата на своите предци.