предупреди
предупредат; предупредил; предупреден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4503
Претходно извести за нешто, обично непожелно, што треба да се има предвид.
Англиски:
warn
Албански:
paralajmëroj
Тој предупреди на опасноста од нова „студена војна“.
Предупреди дека секој обид за попречување на утрешната настава ќе претставува прекршување на студентските права и обврски.
Ги предупреди другарите за опасноста.
Го предупреди да внимава што ќе каже.
Изведенки
предупредува несв.
предупредуваат
предупредуваат