а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преживее

преживеат; преживеј, преживејте; преживеав, преживеаја; преживеал; преживеан; преживеев, преживееја; преживеел; преживеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2341
1. Преживее во настани учествувајќи во нив.
Англиски: survive Албански: mbijetoj
Примери:
Преживеа тешка сообраќајна несреќа.
Тој ја преживеал болеста.
Тие ја преживеаја војната.
2. Остане жив, остане во живот по определен временски период.
Англиски: survive Албански: mbijetoj
Примери:
Тој преживеал две светски војни.
Тој преживеа со помош на новите лекарства.
Не се знае дали болниот ќе ја преживее ноќта.
3. Истрпи тешкотии, помине живо во тешкотија, мака, страдање.
Англиски: survive Албански: mbijetoj
Примери:
Не знам како ќе ја преживееме беспарицата.
Тој едвај ја преживеа зимата.
4. Претрпе, искуси, доживее нешто.
Англиски: suffer Албански: përjetoj
Примери:
Жената преживеа големи стресови.
Ние преживеавме еден тежок период од животот.