прекаже
прекажат; прекажи, прекажете; прекажав, прекажаа; прекажал; прекажан; (ќе) прекажев, (ќе) прекажеа; (ќе) прекажел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 44533
1.
Пренесе со свои зборови нешто што е веќе кажано.
Примери:
Тој и ги прекажа нашите зборови.
Таа им ја прекажа случката на другарите.
2.
Каже повторно, уште еднаш.
Примери:
Разбра ли или пак да ти прекажам?
Прекажи ми ја приказната!
Изведенки
прекажување ср.
глаг. им.
глаг. им.