а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прекрие

прекријат; прекриј, прекријте; прекрив, прекрија; прекрил; (ќе) прекриев, (ќе) прекриел; (ќе) прекриеја; прекриен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10023
1. Покрие нешто сосема, поинаку или само одозгора.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Штиците беа прекриени со черги.
Масата ја прекри со чаршаф.
Го прекри лицето со дланките.
2. Скрие повторно, на друго место.
Англиски: hide Албански: fsheh përsëri
Примери:
Парите ги прекрија во три помали грниња.
Изведенки
1. прекрива несв.
прекриваат
2. прекривање ср.
глаг. им.