прелее
прелеат; прелеј; прелејте; прелеав, прелеаја; прелеал; прелеан; прелеев, прелееја; прелеел; прелеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17560
2.
Истече течност преку работ на нешто.
Примери:
Реката прелеа преку нивите.
Слично со:
претече (св.)
3.
Потури со течност, нанесе прелив.
Примери:
Ќе ја прелееш тортата со шербет.
5.
Полие накрсно со вино и масло.
Примери:
Попот ја прелеа погачата со вино.
Попот треба да го прелее гробот со масло и вино.
6.
Претопи готови предмети, одново излее.
Примери:
Го прелеа накитот во златни прачки.
7.
(се прелее) Се излее преку нешто (раб, брег).
Примери:
Виното се прелеа од бурето.
Изрази
Чашата на трпението прелеа - изгуби трпение.