а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прелета

прелетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4159
1. Со летање помине преку нешто.
Англиски: fly over Албански: fluturij mbi
Примери:
Прелетаа јато диви гуски над него.
2. Помине (мисла, поглед, време) многу брзо.
Англиски: fly over Албански: fluturoj mbi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Детството му прелета за миг.
Мислата ми прелета низ глава.
Изрази
Не дава пиле да прелета - не пушта никого.
Изведенки
1. прелетува несв.
прелетуваат
2. прелетување ср.
глаг. им.