преспие
преспијат; преспиј, преспијте; преспав, преспа, преспаа; преспал; преспан; преспиев, преспиеја; преспиел; преспиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4477
1.
Помине некое време во спиење.
Примери:
Се прибра само навечер да преспие.
Немаше каде да се испружи да преспие.
2.
Помине подолго време без да земе учество во некаква активност, стои настрана, немо набљудува нешто.
Примери:
Ако не си чул за тоа име, си го преспал векот!
Тој си го преспа денот.
3.
Помине една ноќ некаде, преноќи некаде.
Примери:
Преспијте вечерва кај мене, па утре продолжете го патот.
Тој преспа десет ноќи во еден амбар.
4.
Спие подолго од потребното, не се разбуди во определено време.
Англиски:
oversleep
Албански:
flej tepër
Побратимите ги преспаа и ноќта и денот по пиењето.
Изведенки
1.
преспива несв.
преспиваат
преспиваат
2.
преспивање ср.
глаг. им.
глаг. им.