а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

престилка

мн. престилки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7568
1. Вид работна облека со различен крој, што се носи над другата облека и служи за заштита од валкање.
Англиски: apron Албански: përparëse
Примери:
престилка до колена
Си ја облече престилката и фати да го подготвува јадењето.
Слугинката носеше бела престилка.
ученичка престилка
2. фута, скутник
Англиски: apron Албански: përparëse