престој
мн. престои
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3574
Престојување, задржување определено време на некое место.
Примери:
Граѓаните да го сведат на минимум престојот на отворено.
Тој замина на едномесечен студиски престој.
Изрази
Дневен престој - згрижување на ученици по наставата во рамките на училиштето.