а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

претури

претурат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18649
1. Истури од еден сад во друг.
Англиски: refill Албански: toçis, rimbush
Примери:
Ако го претуриш виното од бурето, ќе нема талог.
Претура млеко во шишиња.
2. Наполни повеќе од што треба, наполни до прелевање.
Англиски: fill up Албански: derdh
Примери:
Тури и претури.
3. Даде многу род.
Англиски: bear fruits Албански: shumë bereqet, tepër frute
Примери:
Кајсијата претури ова лето.
4. Побара невнимателно, без ред.
Англиски: search carelessly Албански: kërkoj pa kujdes, tollovit
Примери:
Целата куќа ја претури, но парите не ги најде.
Изведенки
1. претура несв.
претураат
2. претурање ср.
глаг. им.