преѕида
преѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Изѕида повторно, уште еднаш нешто што е урнато, разрушено.
Примери:
Ја преѕидаа старата црква.
2.
Изѕида, ѕида поинаку, на друг начин.
Примери:
Ќе го преѕидаме вториот кат од куќата.
3.
Загради, оддели со ѕид.
Примери:
Го преѕидав салонот и сега имам уште една соба.
Изведенки
1.
преѕидува несв.
преѕидуваат
преѕидуваат
2.
преѕидување ср.
глаг. им.
глаг. им.