при
Вид збор: Префикс
1.
Претставка што кај глаголи означува приближување, доближување или составување, спојување.
привлече, принесе
притрча, припие
2.
Извршување дејство во мала мера, во кратко време.
приварди, причека, причува
3.
Продолжување, одново вршење на дејството, додавање, дополнување.
принабере, притури
4.
Неочекувано, ненадејно и обично краткотрајно дејство.
привика, притропа
5.
Ненадејно појавување силна неизбежна потреба на логичкиот субјект со заменските форми ми (ти, му, ...) се.
ми се пријаде, ми се придрема
6.
Претставка што кај именките означува лице или предмет што го нема наполно својството на основната именка.
приколка, примирје
7.
Претставка што кај придавките означува близина до нешто или блиско, во помала мера изразено својсто на основата.
приглуп, припрост, пристар