а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пригледа

пригледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 33639
1. Преземе грижа за некого некое време, згрижи некого во неволја, болест, старост.
Англиски: look after Албански: kujdesem
Примери:
Останаа сами, никој не ги пригледа.
Кој ќе ги пригледа сираците.
Ќе те пригледаат внуците на старост.
2. Погледне дали е во ред, се погрижи за некого, за нешто одвреме-навреме.
Англиски: look after Албански: kujdesem
Примери:
Ноќе мајката стануваше да го пригледа детето.
Пригледај го млекото да не претече.
Изведенки
1. пригледува несв.
пригледуваат
2. пригледување ср.
глаг. им.