а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

придојде

придојдат; придојди, придојдете; придојдов, придојдоа; придошол, придошле; (ќе) придојдев, (ќе) придојдеа; (ќе) придојдел; придојден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 22354
1. Дојде уште некој, пристигне некој по некого, подоцна.
Англиски: join Албански: vjen më vonë
Примери:
Да придојдеше уште некој, не ќе имаше место за седење.
Придојдоа нови бегалци.
За празникот на црквата придојде народ и од другите села.
2. За вода, порој - надојде, дотече.
Албански: rritet, vjen uji
Примери:
Придојдоа потоците, се разлеа реката.
Изведенки
1. придоаѓа несв.
придоаѓаат
2. придоаѓање ср.
глаг. им.
3. придојдува несв.
придојдуваат
4. придојдување ср.
глаг. им.