придружба
(едн.) придружбата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4092
1.
Едно или повеќе лица што придружуваат некого или нешто.
Примери:
Придружба на претседателот на државата.
Литургијата ја водеше архиепископот во придружба на сите архиереи.
Полициска придружба.
2.
Придружување на група, глас или соло инструмент или оркестар.
Примери:
Пее во придружба на пијано.
Солистите настапија во придружба на народниот оркестар.