призма
мн. призми
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10433
1.
Геометриско тело ограничено со два еднакви многуаголника што лежат во две паралелни рамнини и онолку паралелограми колку што страни имаат многуаголниците.
Примери:
Десетаголна призма.
2.
Провидно тело со најмалку две наклонети површини што служи за прекршување и одбивање на зраците или за разлагање на светлината во боите на спектарот.
Изрази
Низ призмата на постигнувањата - гледано од аспект на успесите.
Гледа низ призмата на нешто - гледа на нешто необјективно, под влијание на некакви околности.