признае
признаат; признаам, признај, признајте; признав, призна, признаеме, признаа; признал; признат; признаев; признаеја; признаел; признаен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 789
1.
Отворено изјави; соопшти дека нешто е вистинито; не одрече, не сокрие некаква постапка, чувство, вина.
Примери:
Морам да признаам, јас бргу се премислив, по седум дена.
- Признај, признај! – свикаа кон Зоки и другите деца, многу остро.
Не постои ништо што не би признал, ништо!
Обвинетиот го призна убијството
2.
Даде согласност, прифати или одбие нешто што е во согласност со некаков ред.
Англиски:
accept
Албански:
akceptoj, pranoj
Долговите направени на мое име не ги признавам.
Тие не ја признаа неговата власт.
Ги признавам законите.
3.
Јавно прифати некого за свое дете.
Англиски:
recognize
Албански:
pranoj, njoh
Иако не беа во брак, тој детето го призна за свој син.
4.
Јавно изрази, покаже почит кон некого, уважи, искаже благодарност некому.
Англиски:
acknowledge
Албански:
pranoj, falënderoj
На промоцијата тој го призна својот учител.
Слично со:
уважи (св.)