прилепи
прилепат; прилепил; прилепен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11606
1.
Спои, состави нешто со лепење.
Примери:
Тој ја прилепи театарската објава на ѕидот.
Слично со:
залепи (св.)
2.
Сосема приближи до некого или до нешто.
Примери:
Го прилепи увото на вратата за да наслушне.
Слично со:
приближи (св.)
3.
Даде некому прекар, припише некому некаква особеност, постапка.
Примери:
Не знаеше кој му го прилепи тој прекар.
Грешките во работата му ги прилепија нему.
Слично со:
припише (св.)
4.
залепи, удри
Примери:
Сакав да му прилепам една шлаканица, но се воздржав.
Слично со:
шлакне (св.)
5.
(се прилепи) Се спои, се состави едно нешто со (за/на) друго нешто.
Примери:
Калта му се прилепи на чевлите.
Слично со:
состави (св.)
6.
(се прилепи) Се приближи, се допре, се припои до (кон/за) некого или нешто.
Примери:
Животното се прилепи до него за да го почувствува пријатниот допир.
Застана и се прилепи до ѕидот.
Фустанот ѝ се прилепил за снагата.
Слично со:
припои (св.)
7.
(се прилепи) Се лепи, се наметне, се натури некому.
Примери:
На игранката ѝ се прилепи едно момче и не ја остави на мира.
Слично со:
наметне (св.)
Изведенки
1.
прилепува несв.
прилепуваат
прилепуваат
2.
прилепување ср.
глаг. им.
глаг. им.