а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прилика

мн. прилики
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1553
1. Лице што се согласува, што одговара некому според своите особини, години, општествен статус и сл.
Албански: rast
Примери:
Тој ги одбиваше стројниците барајќи му на своето чедо нешто подобра прилика.
Ќе нѐ посети еден човек околу триесет години, неженет и добра прилика за мажење.
2. (обично мн.) околности, положби
Англиски: conditions Албански: rrethanа
Примери:
општествено-политички прилики
Не бев сигурен, дали и јас би бил способен во слична прилика да постапам како него.
Костумот го носеше само во свечени прилики.
3. поволен момент, можност
Англиски: opportunity Албански: rast
Примери:
Никако не испушташе прилика да наѕирне од прозорецот за да види кога ќе поминува.
Тој начека прилика и побегна во темницата.
Изрази
Лика и прилика - што во сѐ си одговара еден на друг.