припие
(се) припијат; припи, припило; припил; припиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8048
1.
Ми (ти, му) се припие: Одеднаш почувствува желба за пиење (вода, млеко, сок, вино), почувствува жед.
Англиски:
thirst
На детето му се припи млеко.
Се враќаа од плажа кога му се припи сок.
Слично со:
зажедни (св.)
2.
(се припие) Се залепи тесно до некого или нешто.
Англиски:
nestle
Таа носеше бел комбинезон припиен за телото.