припокрие
припокријат; припокриј, припокријте; припокрив, припокрија; припокрил; (ќе) припокриев, (ќе) припокриеја; (ќе) припокриел; припокриен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 23450
1.
Покрие уште малку, стави уште некоја покривка.
Примери:
Таа го припокри да не му студи.
2.
(се припокрие) Се покрие уште малку.
Англиски:
cover
Албански:
mbulohem edhe pak
Ноќта застуди и тие се припокрија со ќебиња.
Изведенки
припокрива несв.
припокриваат
припокриваат