природен
природни
Вид збор: Придавка
Ранг: 769
1.
Што постои или што се појавува во природата.
Примери:
Природен извор на минерална вода.
природни ресурси, природна стихија
Спротивно од:
вештачки (прид.)
2.
Што е од раѓање.
Примери:
природен инстинкт, природна интелигенција
природни особини
Слично со:
вроден (прид.)
3.
Што е по природа таков.
Англиски:
natural
природна боја
природна големина
Спротивно од:
неприроден (прид.)
4.
Што се јавува според природата на нештата.
Англиски:
nature-made
Албански:
i natyrshëm
природно езеро, природно ѓубре
природна свила, природни заби
Спротивно од:
вештачки (прид.)
5.
Што е во согласност со стварноста.
Англиски:
logical
Албански:
i natyrshëm
природен заклучок, природна потреба
Слично со:
логичен (прид.)
6.
вроден, неизвештачен
Англиски:
unspoiled
Албански:
i natyrshëm
природен процес, природен развој
природно однесување, природна претпоставка
природна хармонија, природна поза
Слично со:
неизвештачен (прид.)
Изрази
Природен пораст на населението - наголемување на стапката на наталитетот.
Природна селекција - природен одбир (подбор).
Природен закон - регуларноста на појавите во природата.
Природен јазик - јазик на кој зборуваат и комунцираат луѓето.
Природна храна - свежа или преработена, без вештачки препарати.
Природна смрт - ненасилна смрт.
Природно лекување - лекување без лекови, лекување на база на правилна исхрана, на движење и на користење термални бањи.
Природни богатства - материјални богатства од природата што можат да се користат за економски цели.
Изведенки
природност ж.
(едн.) природноста
(едн.) природноста