присобере
присоберат; присобери, присоберете; присобрав, присобраа; присобрал; присобран; (ќе) присоберев, (ќе) присобереа; (ќе) присоберел; присоберен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8935
1.
Собере материјал, податоци уште малку или доволно.
Примери:
Присобра уште некоја информација.
Студентот присобра материјал од теренските истражувања.
2.
Собере, набере плод, род што останал за собирање.
Примери:
Денес ќе го присоберат грозјето.
Слично со:
добере (св.)
3.
Набере нешто уште малку.
Примери:
Ќе присобере уште еден товар дрва од сувите овошки.
Тој отиде да присобере уште некоја шумска јагода за внуците.
4.
Собере пари, заштеди уште малку или доволно.
Примери:
Тие присобраа пари да си купат куќа.
Слично со:
заштеди (св.)
5.
Собере, стави нешто на едно место.
Примери:
Ги присобра ситните парчиња кашкавал во чинија.
Ќе ги присоберам моите работи за одмор во куферот.
6.
(се присобере) се соземе, се успокои
Примери:
За студентот беше неочекувано тоа прашање, веднаш потоа тој се присобра и спокојно одговори.
Слично со:
успокои (св.)
7.
(се присобере) Се собере, се смести во тесен простор.
Примери:
Луѓето се присобраа купче под настрешниците да не ги наводени дождот.
Изведенки
1.
присоберува несв.
(се) присоберуваат
(се) присоберуваат
2.
присоберување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
(се) присобира несв.
(се) присобираат
(се) присобираат
4.
присобирање ср.
глаг. им.
глаг. им.