пристигне
пристигнат; пристигни, пристигнете; пристигнав, пристигнаа; пристигнал; пристигнат; пристигнев, пристигнеа; пристигнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1811
1.
Дојде, стигне на определено место.
Англиски:
arrive
Албански:
arrij, vij
На првиот колосек пристигна меѓународниот воз.
Децата пристигнаа од одморалиштето доцна ноќта со автобуси.
Разновидна помош пристигна во настраданите подрачја.
Слично со:
стигне (св.)
2.
За временски период - настапи, се појави, почне.
Англиски:
arrive
Албански:
vij, arrij
Пристигна и моментот на разделбата.
Во нашиот град пристигна есента малку подоцна од вообичаеното.
Пристигна пролетта.
3.
Стигне некого во одење.
Примери:
Тој едвај ја пристигна девојката, па ја сопре.
Изведенки
1.
пристигнува несв.
пристигнуваат
пристигнуваат
2.
пристигнување ср.
мн. пристигнувања
мн. пристигнувања