а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

проголта

проголтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4339
1. Прими храна, течност и сл.
Англиски: swallow Албански: gëlltis
Примери:
Го проголта горчливиот лек.
Не му се јадеше; одвај проголта неколку залаци.
2. Преживее, истрпи нешто.
Англиски: restrain Албански: gëlltis
Примери:
Го проголта гневот и се повлече.
Ја проголтаа навредата и не се вмешаа.
За да избегне непријатности тој проголта многу нешта.
Изрази
(Како) земјата (да) го проголтала - исчезна.
Ја/го проголта со очи - упорно, втренчено гледа.
Изведенки
1. проголтува несв.
проголтуваат
2. проголтување ср.
глаг. им.